Рускиот ZIL бесен поради објавите за „монструмскиот воен транспортер“

Фотографиите потекнуваат од тест-прототипот на ZIL од 2012 година

Фотографиите од новиот транспортер на рускиот ZIL во моментов фрчат по нетот. Путин, наводно, ќе ја снабди руската армија со овој оклопен транспортер. Тоа сепак е далеку од вистината.

Од пред неколку денови на мрежата масовно циркулираат фотографиите од новиот оклопен транспортер на руската армија, којшто е произведен во ZIL. Во медиумите и на блоговите се пишува дека овој монструозен оклопен транспортер ќе се користи за акциите на руската армија. Од друга страна, Русија во моментов е под меѓународен притисок поради кризата во Украина, така што ваквите „местенки“ воопшто не треба да изненадуваат.

Вистината е дека оклопниот транспортер на Путин ниту е оклопен, ниту пак постојат планови возилото да се произведува за руската армија. Концернот под државна контрола ZIL повеќе не произведува воени возила, туку е посветен првенствено на лимузините за руските државници и на товарните возила.

Фотографиите се реални и возилото навистина постои, но станува збор за тест-прототипи од теренскиот транспортер којшто беше изработен во 2012 година. Возилото ниту е заштитено од артилериски напади, ниту пак поседува наоружување. Сериското производство воопшто не е планирано. Зошто фотографиите сега се појавија на мрежата никој не може точно да објасни. Веројатно се работи за обид руската армија да се прикаже како агресор, поради кризата во Украина.

Реакции пристигнаа и од наводниот производител на оклопниот транспортер ZIL, којшто вчера на својата интернет страница објави дека актуелните објави не соодветствуваат на вистинските факти. Концернот дури наведува дека „не постојат нарачки од руското министерство за одбрана“.

Претходна објаваVolkswagen ќе произведува автомобили во Нигерија
Следна објаваКому уште му треба копија на BMW со знак на Mercedes?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here