Автомобилската бранша влева големи надежи во растечките пазари, каде што спаѓа и Русија. Но, таму годинава има малку знаци за раст. Продажбата паѓа девет месеци по ред.
Во ноември во Русија се продадоа 231.982 автомобили, што е четири проценти помалку отколку во истиот месец лани. Само мала утеха е тоа што падот во минатиот октомври беше поголем отколку во ланскиот месец, кога падот изнесуваше 11 проценти. Причина за опаѓањето на продажбата на возила е влошената економска ситуација.
Како и секогаш, првото место во продажбата припаѓа на Lada, иако производителот сепак нема многу причини за радување, затоа што продажбата опадна за 19 проценти, на 36.509 автомобили. Како сопственик на Lada, Renault компензира за падот на руската марка со порастот од три проценти во продажбата на возила од својата матична марка. Во ноември Renault продаде три проценти повеќе возила, односно 17.721 автомобили. Со тоа Французите се втори по продажба на рускиот пазар.
Третото и четвртото место им припаѓа на Kia и Hyundai, кои забележаа зголемена продажба за 16, односно 5 проценти. Водечката петорка ја комплетира Chevrolet.