за

Романскиот Hummer е премногу моќен за оваа планета

Hummer долго време беше синоним за екстремно теренско возило. Но, и од него имало подобри. Автомобилот што го става Hummer во сенка е израснат на Карпатите, во Романија.

Некогаш Hummer беше најдоброто теренско возило на планетава. Конструиран за армијата на САД, од 1985 година не остана терен што тој не можеше да го совлада. Потоа Hummer се најде во служба и на важните личности на овој свет, иако повеќе за привлекување на вниманието во урбаната џунгла, отколку за возење. Со просечната потрошувачка од 23 литри што ја пријавуваше фабриката, подобро беше овој монструм на тркала да се остави да мирува отколку да се вози. На крајот, и самиот производител се откажа од Hummer.

ghe-o-motors-rescue-1

Но, очигледно дека автомобилите од оваа сорта му се потребни на светов. За разлика од Hummer, „Спасителот“ од романската фирма Ghe-O потешко се снаоѓа по булеварите, а повеќе по непристапните терени. Како што кажува и самото име Rescue, станува збор за спасувачко возило со сите нишани. Rescue е двапати поголем од Hummer H1 и се тркала на гуми од 44 инчи. За претстава, само бандажите, без гумите, се високи колку спортски автомобил, односо повеќе од 1,1 метар.

[lightbox full=”http://youtu.be/VNwWf1r0HbA” title=”Ghe-O Rescue: Мечката од Карпатите”][/lightbox]

500 коњски сили се соодветни за тежината од 3,2 тони

Масивните тркала се гаранција дека спасувачкото возило од 3,2 тони нема да го изгуби контактот со подлогата ниту во најтешките услови на возење. На видеото на кое што Романците ги прикажуваат способностите на нивниот монструм од Карпатите се гледа колку лесно возилото се искачува и по најстрмен терен или со синџири на задните тркала се пробива по снег и по камен.

Ghe-O-Motors-Rescue-und-Fire-Fighter-rotationTeaserEntry-be5dc189-729558

Ако затреба, тука се вителите за влечење монтирани напред и назад. Со воздушните балони што се монтирани на тркалата, Спасителот без проблеми се пробива и по длабока вода. Како погонски единици се нудат два бензинца, со 340 и 500 КС, и два дизела, со моќност од 220 и 304 КС.

ghe-o i hummer

Во кабината има простор за единаесет лица. По потреба, Rescue може да се претвори во противпожарно возило и носи цистерна со 650 литри вода. Романската мечка ќе послужи и како амбулантно возило. Ghe-O не открива колку точно чини овој џин долг 5,2 метри, широк 2,7 метри и висок 2,39 метри. Но, сигурно може да се смета на најмалку 100.000 евра.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda на салонот во Токио: Малечко, практично, забавно

Германска педантерија: Кои марки имаат најверни клиенти?