за ,

Рио де Жанеиро ќе вози Renault на струја

Градот Рио де Жанеиро потпиша меморандум на разбирање со алијансата Renault-Nissan со цел да се популаризираат возилата со погон на струја.

Како дел од меморандумот се планира истражување на можностите за производство на возила на струја во Рио де Жанеиро, како и изградба на инфрастуктура за овие возила. „Сакаме Рио де Жанеиро да стане пример во светот за енергијата во 21-от век, потврдувајќи ја вокацијата која што Рио веќе ја има постигнато во поглед на традиционалната енергија“, изјави Хулио Буено, секретар за економски развој, енергија, индустрија и услуги.
Во бразилските градови Сао Пауло и Рио де Жанеиро веќе се во тек пилот програми во кои што Nissan Leaf се користи како такси возило. Renault и Nissan во минатите две децении инвестираа 4 милијарди евра во развој на возила на струја. Nissan Leaf дебитираше во декември 2010, како прв масовно произведуван автомобил со погон на струја. Неодамна Renault го лансираше градскиот електромобил Zoe, надополнувајќи ја постоечката моделска понуда од Fluence Z.E, Twizy и Kangoo Z.E. Алијансата продаде близу 100.000 возила со нулта емисија на штетни гасови, повеќе од кој било друг поголем производител на автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Шефот на развој во Audi отпуштен поради неиновативност

Германија ги спасува автопатиштата од пеколната жештина