Норвешка е предводник на погонот на струја и го докажа тоа собирајќи 260 сопственици на електрични автомобили во колона. Тоа е бројка вредна за упис како нов светски рекорд.
Колоната долга четири километри стартуваше од периферијата на Осло и беше надгледувана од две беспилотни летала, заради контрола дека сите возила се движат симултано, како услов за поставување на новиот светски рекорд. Претходниот рекорд од 225 и половина електрични автомобили, строго Nissan Leaf, беше поставен минатата година на патеката Силверстоун, во Британија.
Иако настанот беше отворен за сопственици на сите модели на електрични автомобили, најголемиот дел од возилата беа Nissan Leaf, поточно 128 и половина. Овој модел на Nissan е меѓу најпродаваните автомобили во Норвешка, со 2.298 примероци продадени во минатата година.
Иако беше замислен со забавен карактер, настанот има сериозно значење. Целта ни беше да покажеме дека електричните автомобили имаат неограничена практичност во секојдневието, со предноста што не испуштаат издувни гасови и се мошне тивки. Имаме учесник од Хундеидвик, место оддалечено 500 километри од Осло, кој ја користеше мрежата од брзи станици за полнење за да пристигне на настанот. Норвешка предводи пред сите други пазари за електрични автомобили во Европа, но и владите на другите земји го следат примерот и бележат зголемување на продажбата.
Жан Пјер Диерназ, директор за електрични автомобили во Nissan Europe
Автомобилите со погон на струја уживаат голема популарност во Норвешка, каде штопво минатата година овие возила учествуваа со 2,9 проценти во вкупната продажба. Сопствениците на електричните автомобили се ослободени од данок и не плаќаат за паркирање во градските центри, па дури можат да ја користат и лентата што е наменета за движење на автобусите, за побрзо пробивање во сообраќајниот метеж.