Рекордно возење на две тркала на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Каскадерската легенда Тери Грант постави нов светски рекорд за најбрзо возење автомобил на две тркала. Тој извозе една милја на патеката во Гудвуд за време од 2 минути и 10 секунди, со Nissan Juke Nismo RS.

По четири години откако го постави светскиот рекорд во најбрзо возење автомобил на две тркала, каскадерот Тери Грант повторно има ново рекордно време. Познатиот каскадер успеа уште во првиот обид, иако според правилата му стојат на располагање шест обиди за поставување на овој рекорд. Новото време на најбрзо извозена милја на две тркала изнесува 2 минути и 10 секунди. Грант повторно го постави рекордот возејќи на најпознатата ридска патека во светот, на фестивалот на брзината во Гудвуд. Во 2011 година, тој постигна време од 2 минути и 55 секунди, со стандарден Nissan Juke. Овојпат на располагање беше лутата верзија на кросоверот, со знак на Nismo.

Снимка од макотрпните подготовки за новиот рекорд на Тери Грант

http://youtu.be/Wic4XmWdPnE.

Изјавата на Грант по рекордното постигнување: „Ме шокираше колку е побрз Juke Nismo RS и неверојатно е да се симнат 45 секунди од рекордот. Соборувањето на рекордното време уште во првиот обид е одличен почеток на викендот и очекувам да извозам уште побрзо.“ Juke Nismo RS е екстремна спортска верзија на популарниот кросовер на Nissan, подготвена од сопствениот мотоспорт тим Nismo. Јапонската марка го произведува овој кросовер во фабриката во Сандерленд, заедно со Qashqai и Leaf, и како одомаќен автопроизводител, на Фестивалот на брзината во организација на ерл Марч го претстави и концептниот автомобил Juke-R 2.0 со спектакуларна моќност од 600 КС.

nissan juke rekord dve trkala

Претходна објаваAlfa Romeo има ново лого … и никој не го забележува
Следна објаваAston Martin Vulcan со 800 КС првпат пред публика во Гудвуд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here