за

Рекордни продажби на Audi и BMW

Audi постигна рекордна продажба во првото полугодие од 2013 година, со близу 800.000 возила. Тоа е веќе многу блиску до конкурентот BMW, чија што предност се стопи на само 24.000 примероци.

Благодарение на одличната продажба во Кина, Велика Британија и САД, глобалната продажба на Audi во првото полугодие порасна за 6,4 проценти, на 780.500 возила. Ситуацијата во Европа е нешто поразлична, и тоа првенствено поради големиот пад во продажбата во Франција (-8,6%) и Италија (-9,8%). Во Audi се надеваат дека дополнителен поттик во светската продажба ќе се постигне со лансирањето на лимузинската изведба на A3.

Вечниот конкурент BMW исто така ја компензира слабата продажба во Европа преку новите светски пазари. Трите марки на групацијата, BMW, Mini и Rolls-Royce продаде за 6,4 проценти повеќе возила во првите шест месеци на глобално ниво, односно вкупно 954.521 возило. Сведено на ниво на марки, BMW полека ја губи предноста пред Audi, со 804.248 продадени возила. Баварците исто така профитираат од бизнисот во Азија, каде што трите марки до крајот на јуни продадоа 272.000 возила (+14,4%). Во САД исто така расте продажбата, за 9 проценти. Наспроти тоа, бизнисот во Европа мирува. Со 437.000 возила, продажбата е на приближно ниво со ланското полугодие. Големи надежи тука се влеваат во новите модели GT од серијата 3 и во купето од серијата 4.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel го враќа престижното купе Monza во понудата

Opel Mokka ќе се произведува дополнително и во Шпанија