Поленската алергија може да предизвика опасни ситуации за време на возењето, затоа што при ќивањето, на кусо се затвораат очите. Поради тоа, алергичарите треба постојано да ги држат прозорците затворени во текот на возењето.

За цветниот полен да не навлегува во кабината на возилото преку системот за проветрување и преку уредот за климатизација, најголемиот дел од денешните автомобили се опремуваат со филтри за кабината. Тие треба да се менуваат еднаш во текот на годината. При менувањето на филтерот е потребно во исто време да се исчистат и куќиштето на филтерот, каналите и испарувачот на клима уредот, а тоа најдобро и најлесно се завршува во специјализирана сервисна работилница. Некои производители на филтри за второ вградување нудат на пазарот филтри со активен јаглен, кои што спречуваат во кабината да навлезат гасовидните нечистотии.