Ракетно забрзување и за Tesla Model X: Три и пол секунди до стотка

Во последно време се чини дека Илон Маск има проблем да ги задржи информациите во тајност. Мултимилијардерот денес објави дека и кросоверот Model X ќе забрзува како ракета.

Пред само неколку денови, специјалистот за електрични автомобили од Калифорнија најави дека најмоќната варијанта на Tesla Model S со ознака P85D ќе располага со „лудачки“ модус. Ветувачкиот епитет се однесува на времето од три секунди колку што на електричната лимузина со 700 КС отсега ќе ѝ бидат потребни да забрза од место до сто километри на час. Лудачкиот модус ќе стои на располагање со доплата од десетина илјади долари, во пакет со батерии со поголем капацитет. Сега следува официјална потврда дека кросоверот Model X, чија што испорака се очекува да стартува веќе во септември, исто така ќе располага со овој екстремен модус на забрзување.

tesla model xДури и Cayenne Turbo S е бавен за електричниот кросовер на Tesla

Поради поголемата тежина на Model X, забрзувањето до сто кај него ќе трае половина секунда подолго. Со 3,5 секунди до сто, овој кросовер со крилести врати и натаму ќе биде закана за Porsche Cayenne Turbo S. Новиот модел на Tesla ќе има автономија пониска за околу 5 проценти во споредба со лимузината, при тежина за десетина проценти повисока од основниот модел 70D во гамата на Model S, што значи дека ќе тежи нешто помалку од 2.400 килограми.

Претходна објаваLamborghini ги замрзнува плановите за купето Asterion
Следна објаваКолку може да им се верува на мерачите за гориво?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here