за

Профитот на Mazda порасна за 60 проценти!

Одличната продажба и поволниот курс на јенот овозможија Mazda да постигне стапка на раст на профитот за која многу конкуренти можат да сонуваат во овие кризни времиња за браншата.

Во деветте месеци од 2013 година, јапонската марка постигна нето профит од близу 200 милиони долари, што е 60 проценти повеќе отколку во истиот период лани, додека оперативниот профит достигна четирикратно зголемување на повеќе од 380 милиони долари.

Ова постигнување се должи на зголемената продажба на моделите од обновената гама на Mazda, но и на поволниот курс на јенот. Во последното полугодие, просечната стапка на трансакција на Mazda изнесувала 88 јени за долар, додека лани таа изнесувала 79 јени за долар. Со други зборови, тоа значи дека за секој долар добиен од продажбата, Mazda добивала по 88 јени, наспроти 79 јени во минатата година. Глобалната продажба на Mazda во првата половина од 2013 година се зголеми за 3 проценти, на 631.000 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ексклузивната серија на A45 AMG во Мак Аутостар

570 КС и 310 km/h за Porsche Panamera Turbo S