Проекциски дисплеј преку мобилниот телефон

Проектирањето на брзината и другите информации за возењето врз ветробранот досега беше привилегија на поскапите автомобили. Специјалистот Garmin понуди решение кое функционира со мобилниот телефон.

Познатиот специјалист за навигациски и преносни уреди Garmin нуди можност податоците од апликацијата за навигација во мобилниот телефон да се прикажуват на ветробранот. На него се гледаат актуелната брзина, насоките за возење од навигацијата, како и сообраќајните информации, на пример за застој на патот. Тоа е корисно и побезбедно затоа што информациите се прикажуваат во видното поле и возачот поретко мора да го спушта погледот кон инструментите.

Garmin Head Up Display_3

Техниката со пренос преку блутут во принцип функционира исто како кај системите што фабрички се вградуваат во возилата од поскапите сегменти. Мал компромис е тоа што претходно мора на ветробранот да се залепи фолијата што се добива во пакет со уредот. При користење на уредот во повеќе возила може да се користи преклопливиот панел, кој во тој случај служи како површина за проектирање на информациите.

Малиот проектор може да се користи само кај мобилните телефони со апликација за навигација од Navigon или Garmin. На официјалната страна на производителот е објавена цената за уредот од 149 евра.

Претходна објаваAudi го стави наследникот на A4 на строга диета
Следна објаваПрв тест на електричниот BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here