Продолжува рекордната продажба на BMW

Во минатиот месец, марката од Минхен повторно забележа рекорд. Никогаш претходно во историјата BMW не продал толку возила во април како во минатиот месец.

Во април се продадоа 155.419 возила од марките BMW, Mini и Rolls-Royce, што е за речиси 10.000 повеќе отколку во минатогодишниот април и претставува зголемување од 6,8 проценти. Продажбата во Европа порасна за 2,8 проценти, на 69.957 возила. За првите четири месеци, BMW испорача на глобално ниво рекордни 603.619 возила, со раст од 5,7 проценти.

На ниво на марки, BMW порасна за 7,5 проценти во април, Mini за 3,3 проценти.

bmw group

Претходна објаваЕксклузивно · Peugeot 308 може да го наследи само нов Peugeot 308
Следна објаваLamborghini Egoista: Доволен за самиот себе

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here