за

Продажбата на Peugeot 2008 двојно над очекувањата

Поради големата побарувачка Peugeot ќе ја зголеми дневната продукција на кросоверот од 310 на 615 возила.

Од почетокот на продажбата на малечкиот кросовер базиран на моделот Peugeot 208, досега во Европа се постигнати повеќе од 26.000 нарачки, од што 73 проценти отпаѓаат на поскапите модели со повисоки нивоа на опрема и со посилните мотори. На францускиот пазар, Peugeot 2008 стартува од 15.200 евра, со мотор 1.2 VTi со 82 КС и со основното ниво на опрема Access.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Купувањето адитиви за масло е губење пари

Секој втора Toyota Yaris е хибрид