Во првите девет месеци од годинава, Audi ја зголеми светската продажба за 10 проценти, со 1,3 милион продадени возила. Најголемиот продажбен поттик и натаму доаѓа од Кина.
На домашниот пазар, Audi продаде за 3,9 проценти повеќе возила, додека продажбата во останатиот дел од Западна Европа порасна за 5,3 проценти. Порастот во Соединетите Американски Држави во периодот од јануари до септември изнесува 14,5 проценти, а на Далечниот Исток дури 16,3 проценти. До крајот на оваа година се очекува марката од Инголштат да постигне продажба на вкупно 1,7 милион возила.
Во денешното соопштение од Audi натаму се наведува дека марката сестра Lamborghini во првите девет месеци продала 1.570 возила, наспроти 1.688 во истиот период лани. Марката мотоцикли Ducati исто така забележува раст во продажбата, со 37.450 мотоцикли, во споредба со 36.651 во трите квартали од минатата година.
















