Продажбата на електричните лимузини на Tesla зголемена за преку 50 проценти

Специјалистот за електричен погон од Калифорнија постигна огромен пораст во продажбата во вториот квартал од годинава, којшто ги надминува и најоптимистичките очекувања.

Пионерот на електричниот погон Tesla Motors забележа голем пораст во продажбата. Во второто тромесечје од годинава се испорачани 11.507 примероци од лимузината Model S, односно дури 52 проценти повеќе отколку во ланскиот втор квартал. Тоа претставува нова рекордна вредност во фирмата на милијардерот Илон Маск.

Продажбата ги надмина очекувањата, но останува да се исполни амбициозната цел до крајот на годинава. Американскиот производител планира да испорача вкупно 55.000 возила во 2015 година. Најголемиот дел од оваа импресивна бројка треба да пристигне од продажбата на новиот кросовер Model X, чијашто премиера е планирана за септември. Аналитичарите предвидуваат дека новиот модел во понудата на Tesla Motors ќе предизвика вистински продажен бум во завршниот квартал. Според производителот, веќе се пристигнати илјадници нарачки за кросоверот.

tesla model x

Претходна објаваPorsche Boxster Spyder: Ова Porsche нема речиси ништо, а нуди многу повеќе
Следна објаваMazda подготвува наследник на спортското купе RX-8

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here