за

Продажбата во САД и Кина расте – во Европа опаѓа

Кинескиот пазар повторно се покажа како локомотива на глобалната продажба на автомобили, со раст од 20 проценти во март во споредба со истиот месец лани. Раст од 3 проценти забележа и северноамериканскиот пазар, додека европскиот и натаму бележи опаѓање.

Вкупно 3,9 милиони возила се продадоа во Кина во првото тромесечје од 2013 година, што е за една четвртина повеќе отколку во првиот квартал лани. Продажбата на автомобили во Русија се одржува на минатогодишното ниво, со 616.800 возила, односно со плус од 0,3 проценти. Првиот квартал во Бразил заврши со плус од 2 проценти и со вкупно 788.500 продадени автомобили. Но, на месечно ниво, март забележа пад од 5 проценти, што се должи на февруарското воведување на данок на индустриски производи. За да спречи натамошен пад, бразилската влада реши да го одложи планираниот зголемување на данокот за следните месеци. Јапонскиот пазар исто така бележи пад од девет проценти во првиот квартал, со 1,3 милион возила.

Како резултат од големата економска неизвесност во земјите од Западна Европа и помалиот број на работни денови, продажбата на возила во март е за 10 проценти под ланскиот резултат. Единствен раст бележи британскиот пазар, со раст од 6 проценти и вкупно 394.800 возила продадени во март. Двоцифрен пад бележат Германија (-17%), Франција (-16%) и Шпанија (-14%). Во целото тромесечје, регионалниот пазар забележа за 10 проценти послаба продажба со 2,9 милиони возила во споредба со лани.

Во новите земји членки на ЕУ, во март се продадоа 63.000, односно 15 проценти помалку возила. Плус во продажбата забележаа само Естонија, со 3 проценти и Унгарија, со 6 проценти. На ниво на квартал, новите членки регистрираа пад во продажбата од 9 проценти, со 179.800 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Семејно комби брзо колку Lambo

Volvo ги напаѓа AMG и M GmbH со серијата Polestar