Првиот техничар на BMW M преоѓа во Hyundai

Алберт Бирман (прв од десно) на тестирањето на новиот BMW M3 на Нирбургринг

Шефот за развој во спортското одделение на BMW в година заминува за Кореја. Алберт Бирман ќе работи на новата генерација на спортски модели на Hyundai и Kia.

Hyundai и Kia добија значајно засилување на тимот што работи на развој на нови модели и технологии. Од следната година, Алберт Бирман, којшто од 2008 година беше одговорен за развој на моделите M на BMW ќе работи за корејските марки. Освен на развој на нови спортски модели со врвни перформанси, 57-годишниот Германец ќе работи и на подобрување на возните својства, управливоста, безбедноста и звучната изолација на Hyundai и посестринската фирма Kia.

Менаџерите на BMW на доделувањето на наградите од Sport Auto. Од лево: Карстен Прис (продукт менаџмент), Фридрих Ничке (претседател на BMW M), Алберт Бирман (шеф на развој во BMW M), Хуберт Раубергер (одговорен за малосериски модели)
Менаџерите на BMW на доделувањето на наградите од Sport Auto. Од лево: Карстен Прис (продукт менаџмент), Фридрих Ничке (претседател на BMW M), Алберт Бирман (шеф на развој во BMW M), Хуберт Раубергер (одговорен за малосериски модели)

Од следната година, BMW ќе има комплетно „нова“ постава. Долгогодишниот прв човек на BMW, Норберт Рајтхофер заминува во пензија, а во мај неговото место ќе го преземе досегашниот шеф на производство Харалд Кригер. Рајтхофер во иднина ќе биде претседател на надзорниот одбор на минхенската марка. Заминува и шефот за развој во BMW, Херберт Дис. Од октомври, тој ќе биде дел од концернот од Волсбург, каде што ќе ја раководи матичната автомобилска марка Volkswagen.

Претходна објаваОтсега и Jaguar ќе се произведува во Кина
Следна објаваCadillac со 640 КС им се спротивставува на Audi RS7 и BMW M5

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here