Семејниот транспортер на Honda за американскиот пазар се добива со вградена правосмукалка. По ова е неизбежно прашањето, зошто досега никој не се сетил на тоа?
Освежувањето за новото моделско годиште донесе правосмукалка во опремата на семејниот транспортер Honda Odyssey. Влакна од миленичиња, кекси, песок, земја – без разлика за каква нечистотија се работи, Odyssey навреме ќе ја отстрани. Правосмукалката е вградена странично во багажникот, а цревото е доволно долго да дофати до секој агол во кабината. По гаснењето на моторот, правосмукалката може да се користи до осум минути.