Лани Opel за прв пат забележа зголемување на учеството на европскиот пазар по 15 години.
Како што денес соопштија од седиштето на Adam Opel AG во Риселсхајм, Opel и неговата британска сестра Vauxhall го зголемија нивното учество на пазарот во Европа од 5,59 на 5,61 проценти. На домашниот пазар на марката, во Германија, Opel исто така забележа зголемување на пазарното учество од 6,9 на седум проценти.
„Нашата моделска офанзива ги донесе првите плодови. Opel продолжува да расте“, изјави шефот на дистрибуцијата на марката Петер Кристијан Кисперт. Претходно шефот на фирмата Карл Томас Нојман најави дека 2013 за Opel ќе биде прва година во која што нема да го изгубиме учеството на пазарот.“