за

По серијата пожари: Кому му пречи успехот на Tesla?

Откако во последните шест недели се случи серија од три пожари, акциите на специјалистот за електрични возила Tesla паѓаат вртоглаво. Кому тоа му пречи успехот на Tesla?

Калифорниската фирма Tesla Motors е најголемата надеж на погонот на струја. Но, во последните неколку недели постојано пристигнуваат лоши вести за овој производител. Сега паѓаат и акциите, од една страна поради тоа што продажбата не ги исполни очекувањата на акционерите, а од друга поради серијата пожари. Во минатата недела беше пријавен третиот случај на пожар во автомобил на Tesla во рок од шест недели.

Причините за третиот случај на пожар на Тesla не се познати

Пред една седмица во американската сојузна држава Тенеси изгоре Tesla Model S, откако возилото претходно учествуваше во сообраќајна незгода. Околностите уште не се познати. Производителот веднаш реагираше на незгодата и контактираше со возачот, за да ја провери неговата состојба по незгодата. Tesla Motors реши да испрати и сопствен експерт на местото.

За разлика од претходниот случај, пожарот не настанал сам од себе, туку бил предизвикан откако возачот помина преку метален дел. Полицијата се сомнева дека притоа се оштетиле литиум јонските батерии на Model S и следувал пожарot. Колку ќе се спаси имиџот на Tesla Motors и колку ќе се спречи натамошен пад на акциите зависи од брзината на реакцијата на производителот.

Евидентно е дека се работи за напад. Tesla Motors постои веќе десет години и додека компанијата произведуваше еден модел со ограничена употребна вредност, родстерот базиран врз Lotus Elise, никому не му пречеше што фирмата наидува на еуфорична прифатеност од електро-ентузијастите. Дури сега, откако фирмата за прв пат по десет години објави профит и најави дека по лимузината Tesla S ќе следуваат компактна комбилимузина и кросовер со погон на струја, автомобилите на Tesla одненадеж почнаа да се палат. Зошто ниту еден автомобил не се запали во Велика Британија, на пример, или во Германија? Принципот е познат. Добриот глас брзо се шири, лошиот уште побрзо.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Наргиле од Bugatti: За смирување по возењето 1000 КС

Германците се Јапонци и за самовозечките автомобили