за

По дебаклот на Tesla: Колку е безбеден електричниот Volkswagen Up?

Специјалистот за електрични коли Tesla имаше светла иднина сé додека не се пријавија два случаи на палење на возилото при судир. Прашањето е колку се безбедни електричните автомобили? Клубот ADAC провери.

Колку се безбедни автомобилите со погон на струја? Ова прашање ги засега сите што се свесни дека електричните автомобили до следната декада ќе станат редовна појава на улиците, откако за кусо време беа пријавени два случаи на палење на возилата на Tesla при судир. Авто клубот ADAC го провери тоа на краш-тест на Volkswagen Up.

Заклучокот на клубот: Електричниот Up кој е 250 килограми потежок од неговиот брат со обичен мотор е безбеден колку и секој друг модел на Up. При симулираниот судир со електричната верзија на моделот патничката кабина остана неоштетена, а електричниот пакет, заедно со батериите и каблите без проблем го издржа ударот во ѕид со 64 километри на час. Според клубот не постои дополнителна опасност поради електричниот погон.

Volkswagen e-Up минува до 160 километри со полни батерии, кои се врадени во тунел меѓу предните и задните седишта. Возилото во Германија чини 26.900 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Луксембург се вози со најмногу коњски сили

Пред славата: Кога Роберт Де Ниро снимаше реклами за коли…