за

Половина од колите се распаѓаат по истекот на гаранцијата

Секој втор автомобил на британските патишта почнува да попушта откако ќе се поминат 100.000 километри, односно веднаш по истекот на гаранцискиот период.

Според анализата на осигурителната компанија Warranty Direct извршена на 50.000 полиси, 50,7 проценти од возилата почнуваат да покажуваат дефекти откако ќе се поминат стоте илјади километри што најчесто се покриваат во гаранциските услови од производителите.

Просечниот трошок за поправка на дефектите кај возилата со повеќе од 100.000 километри изнесува 420 фунти, а во одделни случаи може да се очекуваат и неколку илјади фунти за отстранување на дефектите. Проблемите најчесто се јавуваат во оските и во водење на тркалата, на што отпаѓаат околу четвртина од дефектите, а потоа следат електричните компоненти и системи, со 19.6 проценти.

Некои производители во последните години ги продолжија гаранциските периоди, но повеќето и натаму ги покриваат стандардните три години и ограничувањето на 100.000 километри. Данкан Меклур, директор на компанијата, тврди: „Може да се очекува дека автомобилот нема да се распадне во првите три години, но постои причина што производителите, за повеќето делови ја ограничуваат гаранцијата на 3 години или 100.000 километри, како што покажува и нашето истражување.“

Сопствениците на Chrysler плаќаат најмногу за сервис. Според Warranty Direct, просечниот трошок за поправка на дефектите што се јавуваат по 100.000 километри изнесува 516 фунти, додека просекот на сите производители изнесува 419 фунти. Fiat е најевтин, со просек од 247 фунти за поправка.

Според анализата што се однесува на британскиот пазар, најмногу време за поправка е потребно кај Toyota – 2,81 часови. Просекот за сите производители изнесува 2,29 часови. Најмалку време за поправка е потребно кај Fiat, само 1,57 час.

car warrranty

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes произведува повеќе од кога било досега

Германските марки продаваат во Кина исто колку во ЕУ