Половина од британските возачи би купиле електромобил или хибрид

Лондон, bmw i3

Според последното истражување спроведено меѓу возачите во Велика Британија, 53 проценти од нив размислуваат за електричен или хибриден погон при изборот за купување на следното возило.

Институтот за автомобилизам во Велика Британија дојде до податокот дека преку половината од возачите размислуваат при изборот на следното возило да се решат за електрично или хибридно возило. Анкетата е спроведена откако дизел моторите произведоа серија негативни наслови во последниот период, по разоткривањето на практиката во целата бранша за лажирање на издувните гасови.

Според анкетата, дури 53 проценти од возачите во Белика Британија кои во следните две години планираат да купат или изнајмат автомобил во следните години, размислуваат за електричен или хибриден автомобил. Од почетокот на годинава, во земјата се продадени 56.000 возила со погон на струја и хибриден погон, што претставува помалку од 3 проценти од вкупната продажба на возила.

Британската влада одобрува субвенција во висина од 5.000 фунти (околу 6.750 евра) за купување нов автомобил со погон на струја или хибрид со надворешно полнење на батериите (плагин-хибрид) со цел да го поттикне интересот за овие возила. Од институтот оценуваат: „Очекувано е побарувачката за електрични и хибридни возила да продолжи да се зголемува постепено, како што автомобилите стануваат сé пософистицирани и јавноста станува свесна за нивниот квалитет. Одушевува големиот интерес што го покажува ова истражување и тоа бара Владата да реагира соодветно во обуката на технички персонал што е специјализиран за сервисирање на овие возила.“

Претходна објаваKawasaki ZX-10R: Новата „нинџа“ претставена во Барселона
Следна објаваAudi отвори фабрика за автомобили во Бразил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here