Велика Британија е кралство на надгледувањето со видеокамери. CCTV го следи секој чекор и секој агол. Камерите сега влегоа и во полициските возила
Орвеловите визии за Големиот брат веќе одамна се реалност. Надгледувањето со видеокамери се практикува на големо во Велика Британија. CCTV, како што гласи скратената ознака за шпионските камери, забележа огромен прогрес во последните години. Според процените на каналот BBC, до крајот на 2012 година во Кралството биле пуштени околу 130.000 камери кои снимаат во висока резолуција. Во следните три години се олекува бројката да надмине три милиони.
На ваквиот тренд му се приклучи и еден полициски автомобил. Специјалната Opel Astra, односно Vauxhall Astra е снабдена со камери буквално до таванот. Чуварите на редот и мирот на патиштата можат да ги прегледуваат снимките од камерите за време на возењето, како и да преземаат други снимки и да ги дистрибуираат своите снимки. Се подразбира дека опремата користи и софтвер за препознавање лица, со кого снимките од прекршителите за миг се пренесуваат во централната датотека на полицијата и се дознава идентитетот на лицето, односно се проверува дали веќе постои криминално досие за него.
Следното интелигентно оружје на полициската Astra е софтверот кој што ги предвидува жариштата на криминалот, односно местата на кои што може да се очекуваат прекршоци. Полицијата не открива како точно дејствува овој софтвер.
Надгледувањето не го поштедува и самиот автомобил. Во него е вградена црна кутија, исто како во авионите, која ја забележува точната позиција на возилото и регистрира разновидни податоци, меѓу другото и моменталната потрошувачка на гориво и брзината на возење.