за

Полициски автомобил за изнајмување

Дилер од Швајцарија смисли оригинална понуда, изнајмување полициско возило! Тоа стои паркирано пред домот додека сопственикот е отпатуван на одмор, провалниците продолжуваат на друга адреса.

Сопственик на дилерство за автомобили од швајцарскиот Сурзе веројатно не можеше да претпостави на колкав интерес ќе наиде неговата идеја да понуди полициски автомобил за изнајмување. На својата интернет страница тој ја пушти следната објава: „Наскоро патувате на одмор? Резервирајте го нашиот полициски автомобил. Ние ќе го паркираме во договореното време пред Вашиот дом.“ Идејата беше да се воведе понуда што ќе се разликува од конкурентите. Но, идејата за кусо време се претвори во нова бизнис за дилерот.

Автомобилот го изнајмуваат клиенти што веруваат дека со него ќе се исплашат провалниците, додека тие подолго време се отсутни од домот. Цената на изнајмување е 200 евра за една седмица. Возилото изгледа како секое полициски возило во кантонот, бојадисана во бело-портокалово и со ротациски светла на покривот. Возењето е забрането, лажното полициско возило се довезува до местото натоварено на камион. Проблем може да биде единствено тоа што табличките на возилото не се полициски. Но, можеби провалниците нема да го забележат тоа веднаш.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Избрани најдобрите мотори на годината

Volvo стартуваше со производство во Кина