за ,

Погонот на струја се проби: 100.000-от електромобил на Renault-Nissan

Renault и Nissan во јули го продадоа стоилјадитото возило со погон на струја. Со 71.000 примероци од 2010 година, Nissan Leaf е најпродаван електромобил во светот.

Компактниот автомобил со погон на струја на Nissan е достапен на европскиот пазар од март оваа година и со 5.000 продадени примероци досега докажува дека електричниот погон се пробива се поубедливо и на европскиот континент. Осумдесет проценти од купувачите на возилото доаѓаат од друга марка. Предводникот на електричниот погон досега освои бројни награди, меѓу кои Светски автомобил на годината во 2011, Европски автомобил на 2011 година и Автомобил на годината во Јапонија за 2011-2012.

Електромобилот Nissan Leaf на заедничко полнење на батериите на паркинг во Норвешка
Електромобилот Nissan Leaf на заедничко полнење на батериите на паркинг во Норвешка

Најголеми пазари за Nissan Leaf се САД со 30.000 примероци, потоа следуваат Јапонија со 28.000 примероци и Европа со 12.000 примероци. Во Сан Франциско, Сиетл и Хонолулу, Leaf е меѓу десетте најпродавани модели.

Најголемо изненадување е успехот на Leaf во Норвешка. Во оваа скандинавска земја електромобилот е дури најпродаван модел на марката. Од 2011 година, за моделот со погон на батерии се решија околу 4.600 купувачи. Сопствениците на возила со електричен погон во Норвешка се ослободени од данокот на додадена вредност и од патарини, а дополнително возачите смеат да ја користат помошната лента и имаат бесплатно паркирање и други привилегии.

renualt twizy

Најпродаван автомобил на струја на партнерот Renault е Kangoo Z.E., кој од крајот на 2011 година се продаде во повеќе од 30.000 примероци. Компактниот транспортер во основата е идентичен со бестселерот на Renault со конвенционален погон и во 2012 година беше прогласен за Ван на годината.

Француската марка ја предводи продажбата на возила со погон на струја во Европа со пазарно учество од 61 процент. Најголеми пазари за возилата на струја на Renault се Франција, Германија и Италија. Одлична продажба бележи и градскиот двосед Twizy, кој веќе се продаде во 11.000 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Малку „Бела Италиа“ за стотиот роденден на Aston Martin

Папараците го уловија наследникот на Maybach