за

Повторно титула за Seat Leon

Експертите за автомобилизам во изданијата на Unidad го прогласија шпанскиот Golf за автомобил на годината. Решавачки за изборот на Seat Leon беа дизајнот и противвредноста.

Во последните 12 месеци, новинарите за автомобилизам што работат во изданијата на гигантската издавачка куќа Unidad од Шпанија ги оценуваа новодојдените модели на пазарот. Покрај впечатливиот дизајн и високата противвредност на моделот, кои што и претходно му донесоа многу награди на шпанскиот компакт, овојпат жирито за избор ги наведе и динамичните возни својства меѓу факторите кои што беа пресудни за изборот на Leon за најдобар автомобил за 2013 година. Со оваа награда воедно се потврдува и огромната популарност на последната генерација на Leon меѓу публиката, исто како и меѓу стручните новинари.

[one_half]

Кон крајот на годината во гамата на Leon за прв пат ќе се појави комби верзија, по традиција од останатите модели на марката, со ознака ST. Понудата на Leon во Македонија стартува од 13.970 евра, за моделот со 1,2-литарски TSI со 86 КС. Seat Leon е воедно и актуелен носител на титулата автомобил на годината во Македонија

[/one_half]
[one_half_last]

Серџо Пикионе (л.), уредник на рубриката за автомобили во Ел Мундо му ја врачува наградата на Микел Паломера, генерален менаџер на Seat
Серџо Пикионе (л.), уредник на рубриката за автомобили во Ел Мундо му ја врачува наградата на Микел Паломера, генерален менаџер на Seat

[/one_half_last]

На врачувањето на наградата во седиштето на групацијата Unidad, генералниот менаџер Микел Паломера нагласи дека „Leon е модел што ја прикажува способноста на Seat да дизајнира, развива и произведува автомобили. Како модел кој е 100% шпански, тој гордо го носи печатот ‘марка Шпанија’ во секоја земја во која што се продава.“

Во периодот од јануари до мај 2013, новиот Leon е најпродаван модел во сегментот на компактните возила и седми во вкупната продажба на модели во Шпанија. Дополнително продажбата ќе ја поттикнува и новата мера на шпанската влада за субвенционирање на штедливите возила во висина од 4.210 евра, за замена на возила постари од десет години и со кредитирање преку финансиската мрежа на Seat.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Honda CR-V 2.0i-VTEC 4WD Elegance

Како да не знаевме: Мажите гинат повеќе од жените