за

Повторно рекордерот: Со 100 евра од Италија до Скандинавија

Светскиот шампион во штедливо возење Герхард Платнер има нов предизвик. Тој ќе патува со Skoda Citigo од Италија до Скандинавија со гориво за помалку од 100 евра. Горивото е метан.

Овој човек има поставено многу рекорди, патување од Алјаска до Огнената Земја или совладување 13 планински превои за 24 часови, буквално сé што може да се извози со автомобил. Но, полека дојде време и за следниот предизвик, возење низ девет европски земји на пат долг преку 2.700 километри, во рок од една недела, со помалку од 100 евра буџет за гориво – се работи за метан.

На патувањето од Италија до Скандинавија, рекордерот ќе мине прво низ Австрија и Унгарија, за потоа да ја посети фабриката во Братислава, во Словачка, каде што се произведува најмалечкиот модел на Skoda. Од крајот на јуни 2011, од овој модел се произведоа 55.400 примероци. Со неговото возило со погон на метан, Платнер ќе продолжи до седиштето на марката во Млада Болеслава, во Чешка, а оттаму во Полска, Германија, за на крај, возењето да заврши на 2-ри август во шведската престолнина Стокхолм.

Гинисовата книга на рекорди го признава Платнер како „најуниверзалниот возач на автомобил на светот“. Тој повеќе пати има возено Skoda на неговите рекордерски возења за штедливост. Во 2005 година, Австриецот извозе 18.000 километри низ Европа со Skoda Fabia, минувајќи низ 31 држава, со буџет за гориво од само 1.000 евра. Во мај 2011, Платнер со само еден резервоар ја извозе Skoda Fabia GreenLine од Австрија до Данска – и назад. Еден резервоар беше доволен за 2.006 километри, што дава просечна потрошувачка од 2,21 литри на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот BMW доживеа премиера во Њујорк, Лондон и Пекинг

Новиот Smart се развива заедно со Renault