за

Пет ѕвездички на краш тестот за комби изведбата на Seat Leon

Комбито Seat Leon ST освои максимум бодови на краш тестот на Euro NCAP и со тоа докажа дека го постигнува истото безбедносно ниво како комбилимузинската изведба на шпанскиот компакт.

За заштитата на возрасни патници Leon ST постигна 94 проценти од максималниот број на бодови. Во оценувањето влегуваат резултатите од челниот и страничниот судир, како и од судирот одзади. Во исклучително важното подрачје на заштитата на децата, Leon ST исто така покажа одлични резултати, со 92 бодови, а безбедбноста се потврди и со максималната оцена при динамичните тестови со детски краш кукли.

Шпанската марка освои и награди за напредните безбедносни системи за следење на лента и за самостојно запирање по судир. Камера вградена во ветробранот ги следи линиите на патот и го корегира правецот на возење ако возилото тежнее да излезе од лентата. Вториот систем е новитет во браншата и автоматски го запира возилото по судир, со цел да спречи неконтролирано удирање во друго возило и влегување во друга опасност. Системот се активира при отворање на воздушните перници, при што контролата на стабилноста го запира возилото и се вклучуваат безбедносните трепкачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Bentley & Co: Луксузните лимузини пораснаа во луксузни теренци

Душмани на нафтените компании: 1600 километри со еден резервоар