за

Пет милиони примероци од Jeep Grand Cherokee

Марката што е синоним за теренските возила синоќа го произведе петмилионитиот примерок од Grand Cherokee.

Јубилејниот модел е во сребрена боја и со највисокото ниво на опрема Overland. Првиот модел со ова име се симна од производствените ленти на 14-ти јануари 1992 година, во тогаш новата фабрика источно од Детроит, во близина на езерото Сент Клер. Денес, 21 година подоцна, Џеферсон Норд се уште се води како „Домот на Grand Cherokee“.

За да се задоволи огромниот интерес за најголемиот модел на Jeep, како и за Dodge Durango, кој се произведува во истата фабрика, во минатиот октомври беа примени 1.100 нови работници, а воедно се воведе и иновативна работа во две смени од по десет часови во шест денови од неделата. Фабриката со површина од 279.000 метри квадратни моментно вработува 4.500 лица, а во минатата година произведе 291.403 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Opel Insignia ги има најштедливите мотори во класата

Од нула до сто за два литра гориво