за

Петтиот (транспортен) елемент!

PayPal, Tesla Motors, SpaceX… Ова се референците на Илон Маск, човекот за кого често пишуваме. Следната референца би можела да биде Hyperloop! Да да, за подобро сфаќање на сево ова конечно ќе ми се исплатат сите оние непреспиени ноќи изминати пред ТВ екранот гледајќи ги јунаците од Ѕвездени патеки. Шегата на страна, на официјалниот портал на Tesla Motors (додуше во секторот насловен како ентузијасти) опишана е потребата од ново превозно средство покрај досегашните автомобили/автобуси, бродови, возови и авиони. Ова следи како одговор на веќе најавениот проект за брза железница како подобрено решение за брзо премостување на дестинации во САД наречен (пазете внимателно!) California High-Speed Rail Authority!!!

Elon-Musk-EoY-opener-pan

Чудо големо. Сигурно ова го помислил Маск штом толку сериозно се нафатил за развивање на сопствена идеја. Тој бил револтиран од фактот што синонимот за технологија, Силиконската Долина во Калифорнија, мора да биде инсирација за пореволуционерни идеи, а не само млитава подобрена варијанта на актуелната железница планирана за 2029 година. Згора на тоа проектот на калифорниската влада е и поскап од предложениот Hyperloop! Понатаму таткото на првиот успешен електрoмобил ги посочува евентуалните предности на неговиот проект:

  • Побезбеден
  • Побрз
  • Поевтин
  • Поприфатлив
  • Имун на времето
  • Одржливо само-снабдување со енергија (?!?)
  • Отпорност на земјотрес (?!?)
  • Не им пречи на оние кои се наоѓаат околу рутата.

Се работи за ултра модерен вагон за превоз на луѓе или автомобили, кој ќе се движи низ цевка на воздушни “перничиња” со помош на електричен погон (познато?) и вакуум. Очекуваната максимална брзина изнесува околу 1.100 km/h со што ќе може да се премости растојание помеѓу Сан Франциско и Лос Анцелес за 30 минути наместо сегашните 5 и пол часа. Зборуваме за 600 километри растојание! Woow!!! Се очекува системот да користи соларни панели наредени на надворешниот ѕид од цевката, во која е сместен вагонот, кои ќе служат за само-снабдување со енергија и моќни вентилатори во носот на вагонот за одведување на воздухот кон задниот дел со што би се намалиле притисокот и отпорот од воздухот. Ова е објаснување во (ептен) кратки црти. Сепак Илон Маск е доволно искрен да каже дека ова ќе биде исплатливо решение за растојанија до 1.500 km, за се останато би се користел супер-соничниот воздушен транспорт.

Додека ви се врти во глава од овие информации уште еднаш да појасниме дека се работи за идеја за која, познавајќи го “луцкастиот” Маск, допрва ќе се слуша.

Кол Рејсовски

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Силна наелектризираност во Toyota

Електричен моноцикл за акробати