Неколку дузини од најголемиот камион на Mercedes ги измерија силите со конкурентите во преку 1.000 споредбени тестови на потрошувачката на гориво. Шпедитерите знаат колку значат десетте проценти заштеда.
Деветесет камиони Mercedes Actros 1842 LS и 1845 LS ја предизвикуваа конкуренцијата на мегатестот на потрошувачка на гориво „Fuel Duel“ којшто се одржуваше во 22 европски држави, од северот на Финска до југот на Италија и од најзападната точка на Шпанија до најисточната точка на Романија. Влекачите со носивост од 18 и 25 тони извозеа 1.000 споредбени тестови со најважните конкуренти од европските марки, совладувајќи растојание од пет милиони километри. Во преку 90 проценти од тестовите победуваа камионите на Mercedes, постигнувајќи на крајот заштеда во потрошувачката на гориво од просечно 10,5 проценти.
Првиот од илјадате тестови стартуваше во Холандија
Мегатестот започна пред две и пол години во Холандија. Правилата: Се избира Mercedes-Benz Actros од возниот парк на некој шпедитер и две недели се следат неговата рута и товарањето. Претходно, возачите добиваат основни упатства за штедливо возење и во почетокот се придружувани од професионални инструктори на Mercedes-Benz. Потоа следи редовното и самостојно возење на турите, со телематска асистенција од FleetBoard. На крајот, потрошувачката на Actros се споредува со вредноста на камионите од другите марки во возниот парк на големите шпедитери.

Actros поседува аеродинамична кабина StreamSpace, којашто во значајна мера придонесува за заштедата во горивото, исто како и „економична“ програма за работа на менувачот PowerShift. Моторите BlueTec 6 по потреба испорачуваат поголем вртежен момент до задната оска со продолжен преносен однос, во 12-от степен на пренос. Помош за возачот доаѓа и од „пророчкиот“ темпомат Predictive Powertrain Control, заедно со телематскиот систем FleetBoard. На крајот следуваат и ламели во предната маска коишто се затворени кога нема поголема потреба од воздух за ладење на моторот, подобрувајќи ја на тој начин аеродинамиката, исто како и пумпа за вода којашто се вклучува само по потреба.
26,5 литри на 100 километри, 3.000 литри гориво помалку за една година
Во илјадитиот тест учествуваше Actros од возниот парк на германскиот шпедитер „Крејкенбом“, којшто претежно врши транспорт на контејнери меѓу Хамбург и Бремерхафен. Нивните камиони во просек минуваат 120.000 километри за една година, со потрошувачка од 29 литри, не вклучувајќи ги камионите Actros во паркот. На тестот, Actros 1845 LS од оваа шпедиција постигна 26,5 литри. Според тоа, при годишна километража од 120.000 километри, Actros ќе заштеди најмалку 3.000 литри дизел и ќе ја поштеди средината од 7,9 тони СО2.
















