Париз 2016: Гласниот Mercedes-AMG GT Roadster ја вознемири француската престолнина

Mercedes нема намера во иднина да вози само тивко и нечујно со својата електрична марка EQ. Во тоа уверува премиерата на родстер изведбата од GT, којашто со 557 КС во најекстремната верзија си дозволи да згрми во еден од најтивките квартови на француската престолнина.

Светската премиера на Mercedes-AMG GT Roadster беше врв на вечерта во којашто динамичната марка на Daimler ги претстави своите новитети пред официјалното отворање на салонот во Париз. Отворениот двосед ќе стартува со продажба во следната пролет и ќе биде достапен во две изведби. Основната верзија со четирилитарскиот битурбо V8 од AMG располага со 476 КС, додека подинамичната и стилски видоизменета верзија GT C Roadster спојува моќност од 557 КС и екслузивна опременост. За отворањето на покривот се доволни единаесет секунди, а притоа родстерот може да се движи со брзина до 50 km/h.

AMG GT C Roadster се позиционира меѓу GT S со 510 КС и GT R со 585 КС

Со моќноста од 557 КС и со вртежниот момент од 680 њутнметри, AMG GT C Roadster е позициониран меѓу AMG GT S и AMG GT R. Неколку каросериски детали потекнуваат од вториот модел, меѓу кои маската „панамерикана“, исто како и моќниот опаш. Меѓу специјалитетите спаѓаат спортско подвозје AMG Ride Control, со проширена трага на задната оска, активно управување и на задната оска и електронски регулирана блокада на задниот диференцијал.

Оваа комбинација носи уште поголеми брзини во својоци и врвна тракција. Меѓу програмите за возење дополнително се наоѓа и модусот „Race“. Особено звучно доживување следува преку спортскиот издув којшто располага и со модус во којшто моторот може непречено да го ослободи препознатливиот звук на тркачките V8. Во ексклузивната изработка на GT C Roadster спаѓаат мека телешка кожа, специјална изведба на воланот и канали за топол воздух во потпирачите за глава.

Во светски познатата бања Писине Молитор, Mercedes-AMG го прикажа и новиот GLC 43 4Matic Coupe, којшто исто така има светска премиера на салонот. Ако е потребно присетување, тоа е најекстремната изведба на моделот чијшто дизајн го креираше Славче Таневски.

[FAG id=25643]

Претходна објаваПариз 2016: Mitsubishi ASX вози во стилот на Outlander
Следна објаваПариз 2016: Nissan го одржа ветувањето за изгледот на новата Micra

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here