за

Оцена на користено возило · Opel Vectra (2002-2008)

Третата генерација на Vectra е просторна семејна лимузина со голем простор за багаж. Таа нуди високо ниво на активна и пасивна безбедност, но квалитетот изостана во поголемиот дел од производствениот период на моделот. Дури од 2007-та моделска година беа надминати сите проблеми кои што се појавуваа претходно.

[box type=”note” align=”aligncenter” ]Препорака Vectra е привлечна семејна лимузина со пристојна цена. Препорака заслужуваат единствено возилата од подоцнежните моделски годишта, поради подигнатото ниво на квалитет. [/box]

Предности и недостатоци на моделот

(за Opel Vectra Caravan 1.9 CDTI DPF Edition од 2005 година)

[tabs type=”horizontal”][tabs_head][tab_title]+[/tab_title][tab_title]-[/tab_title][/tabs_head][tab]добра изработка, просторна кабина, голем багажник, култивиран мотор, комфорна амортизација, добри предни седишта, добро лежење на патот, не губи многу од вредноста, широка сервисна мрежа[/tab][tab]слаба прегледност назад, непрактични прекинувачи, задната клупа е прениска [/tab][/tabs]

Ова треба да го знаетe за Opel Vectra

КАРОСЕРИЈА

Завршна изработка/Ракување: Браниците се лакирани и чувствителни се на гребаници, чија што поправка е скапа. До помошното резервно тркало, со ограничување до темпо 80, се пристапува откако ќе се испразни багажникот. Како и кај секое комби, задниот дел се валка при лошо време Прегледност: Широките задни столбови и десниот потпирач за глава на задната клупа, кој што не се спушта или преклопува, го попречуваат погледот наназад. Отворите за проветрување се рефлектираат во ветробранот Пристапност на багажник: Задниот капак се отклучува по второто притискање на копчето во далечинската команда. При затварањето се валкаат прстите

ВНАТРЕШНОСТ

Ракување: Комплицирано ракување со многуте прекинувачи, а малечките копчиња во средишната конзола тешко се разликуваат. Собореното светло нема контролна светилка, поради што возачот никогаш не е сигурен дали светлата се вклучени. При повлекување на паркирната сопирачка пречи преградата меѓу седиштата. Освен касетата пред совозачот нема други поголеми прегради.

КОМФОР

Комфор на седишта: Возрасните патници седат со свиткани колена на задната клупа, поради тоа што седешката површина е прениска Климатизација: Рачното менување на распределбата на дувањето е комплицирано.

МОТОР Без забелешки.

ВОЗНИ СВОЈСТВА Без забелешки.

БЕЗБЕДНОСТ

Дизајн: Слаби резултати при симулиран удар во пешак според Еуро НЦАП, само една од четири можни ѕвездички. Нема мачкино око или светилки кои што предупредуваат при отворена врата Пасивни системи: Совозачката воздушна перница е во подрачјето во кое што е можно совозачот да се потпре при опасност Заштита на деца: Средниот безбедносен ремен на задната клупа може да е прекус за некои детски седишта.

ПОТРОШУВАЧКА Без забелешки.

ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ Без забелешки.

Технички податоци

за Opel Vectra Caravan  1.9 CDTI DPF Edition

Мотор и погон

Вид на мотор/цилиндри           дизел/4
Норма на издувни гасови         Еуро4
Зафатнина        1910 cm3
Моќност           150 КС при 4000/min
Вртежен момент          315 Nm при 2000/min
Погон и пренос            Напред, 6-степен менувач

Подвозје и гуми

Големина на гуми        215/55R16
Сопирачки напред/назад          Диск/Диск
Круг на вртење лево/десно     12/12,1 m

Перформанси

Крајна брзина  212 km/h
0-100 km/h        10,5 s
60-100 km/h во II/III степен        6,3 s

Потрошувачка во L/100 km

 

Град                 8,1
Пат                   4,8
Автопат            6,3
Просек             6,3

Димензии и тежини

Должина/ширина/висина          4822/1798/1500 mm
Багажник          480 / 855 L
Празно возило/носивост          1660/500 kg
Товар на покрив           100 kg
Приколка со сопирачки            1500 kg
Резервоар       60 L
Досег   980 km

Вообичаени дефекти

[tabs type=”horizontal”][tabs_head][tab_title]Општо[/tab_title][tab_title]Мотор[/tab_title][tab_title]Впрскување гор.[/tab_title][tab_title]Напојување[/tab_title][tab_title]Електрика[/tab_title][tab_title]Сервисни повици[/tab_title][/tabs_head][tab]Vectra C постигна задоволнително ниво на квалитет дури од 2007-то моделско годиште. Најчувствителни подрачја се преголемиот зјај во управувањето и дефекти во издувниот систем[/tab][tab]Дефекти на бензинските и дизелските мотори од 2,2 литри – промена на клиповите; дефектни пружини на вентили кај 1.8 со 03/2004 – промена на пружините на вентилите; дефект на турбополнач кај 1.9 CDTI со 11/2006 – повеќе промени на полначот; пречки во работата на филтерот за честички чад кај 1.9 CDTI до 09/2007 – регенерацијата е подобрена со промена на софтверот за моторот; скинати синџири кај бензински 2.2 до 2004 – промена на синџир и на затегнувачи[/tab][tab]Пречки во контролата на придушувачкиот вентил кај 1.9 CDTI до 04/2006 – промена на вентилот; пречки на вентилот за регулација на издувни гасови кај бензински 2.2 до 08/2003 и 1.9 CDTI до 04/2008 – промена на вентилите; дефект на вентилите за впрскување кај бензинците до 06/2005 – промена на приклучокот на вентилите за впрскување.[/tab][tab]Дефект на пумпа за гориво кај 3.0 CDTI до 11/2007 – промена на пумпа за притисок,[/tab][tab]Дефект на алтернатор кај 1.9 CDTI до 09/2006 – оптимирани диоди[/tab][tab]Механизам на рачка на паркирна сопирачка во 2009[/tab][/tabs]

ИНДЕКС НА ДЕФЕКТИ

Vectra C привлекува симпатии со големата кабина, особено како Караван. Честото користење на големата просторна понуда може да предизвика зголемено оптоварување на пружините. Квотата на дефекти во ова подрачје, исто како и во сферичните зглобови, е малку над просекот. Кај постарите возила зачестуваат дефектите на издувниот систем.

Го покажува резулатот на моделот во споредба со просекот од сите модели во класата.

О + ++
Многу слабо Слабо Просечно Добро Одлично

Вообичаени мани

Скршени спирални пружини
Истрошени сферични зглобови
Протекување на амортизерите

Што вели статистиката за

Opel Vectra
Тип на возило: З-C/SV, З-C

  0-50 000 km 50-100 000 km 100-150 000 km
  Просек во класа Opel Vectra Просек во класа Opel Vectra Просек во класа Opel Vectra
Според процент на дефекти1)
Без значајни дефекти 89,5 % 85,6 % 75,0 % 69,9 % 59,9 % 56,4 %
Со мали дефекти 7,0 % 9,5 % 15,3 % 19,2 % 23,1 % 26,6 %
Со значајни дефекти 3,5 % 4,9 % 9,7 % 10,9 % 17,0 % 17,0 %
Според група1)
Подвозје, управување 2,1 % 4,7 % 8,3 % 14,3 % 16,1 % 25,3 %
Мотор, екологија 1,4 % 2,8 % 4,9 % 10,0 % 10,7 % 16,3 %
Каросерија, кабина 0,7 % 0,8 % 1,5 % 1,3 % 2,7 % 2,2 %
Сопирачки 2,5 % 3,0 % 9,3 % 7,1 % 19,3 % 11,4 %
Електрика, електроника, светла 5,1 % 6,3 % 12,3 % 12,6 % 24,2 % 21,9 %

1) Покажува колкав процент од проверените возила од овој модел не покажале дефекти, имале мали дефекти или имале значајни дефекти. За споредба, во левата колона на секоја класа на километража е наведен просекот од возилата во класата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

40 години на шпанското Фиќо

Очилата на Google и возењето не одат заедно