Во Млада Болескава денес свечено е отворен новиот центар за резервни делови на Skoda. Чесите инвестираа 31,8 милиони евра во новиот центар, од каде што секојдневно ќе се испорачуваат до 25.000 оригинални делови и прибор низ целиот свет.

Центарот за резервни делови на Skoda е еден од трите централни магазини на концернот Volkswagen во Европа. Во процесот на модернизација, површината на централниот магацин се зголеми двојно, од 50.000 на повеќе од 100.000 метри квадратни. Тоа е површина на околу 12 фудбалски игралишта. Во единаесетте сегменти со регали во магацинот висок 42 метри собира 30.000 палети. Складирањето и повлекувањето на резервните делови и прибор е целосно автоматизирано и механизирано. За еден час може да се складираат и повлечат повеќе до 200 палети.
Персоналот кој брои 500 лица работи 24 часови на ден. Секојдневно се испорачуваат 9.500 пакети во повеќе од 100 земји. Испораката на домашниот пазар е веднаш во следното утро, додека за испорака во европските земји се потребни најмногу 24 часови.