Осло ги забранува дизелите во центарот на градот

Во норвешката престолнина од утре се воведува забрана за движење на возила со дизел мотор поради прекумерниот смог. Властите на Осло сметаат дека децата, постарите лица и лицата со потешкотии при дишењето не треба да остануваат заробени во домовите заради опасната загаденост на воздухот. Забраната ќе трае до четврток, кога се очекува подобрување на временските услови.

Казна во висина од 170 евра е предвидена за возачите што ќе ја прекршат забраната за дизел возила во норвешката престолнина Осло, којашто стапува на сила утре. Забраната важи само за сообраќајот во централното градско подрачје, додека магистралните патишта остануваат поштедени.

Одлуката на градските власти наидува на големо негодување затоа што пред десет години властите им препорачуваа на возачите да купуваат автомобили со дизел мотор. Според статистиките на норвешкиот институт за здравје, загаденоста на воздухот во Осло е причина за прерана смрт на 185 лица на годишно ниво.

Од денес во Париз смеат да сообраќаат само возила што имаат прикачено соодветна плакета за еколошка погодност, исто како и во Берлин. Возилата со превисока емисија на штетни материи, за коишто не се издава еколошка плакета, не смеат да сообраќаат во периодот меѓу 8 и 20 часот. Забраната важи и за странски возила.

Плакетата чини околу четири евра. За недозволен пристап во еколошката зона на француската престолнина следува казна во висина меѓу 68 и 135 евра. Напуштена е досегашната одлука во градот наизменично да сообраќаат возила со пар и непар регистерски ознаки при прекумерна загаденост на воздухот.

Претходна објаваРекордна година за Lamborghini со близу 3.500 испорачани возила
Следна објаваОвие суперспортски автомобили имаат помалку КС од Mercedes-AMG E 63 S

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here