Опел со својата Корса има едно од најзвучните имиња на сцената, со големи успеси зад неа. Концептот ГСЕ Вижн Гран Туризмо привлече внимание на салонот ИАА во септември, Опел има уште многу да кажува.
Бројките сами заслужуваат внимание. 800 КС моќност и 800 њутнметри вртежен момент, забрзување до темпо сто за две секунди и крајна брзина од 320 километри на час. Опел има образ за Корса да ја прикаже во такво издание, затоа што се работи за едно од најуспешните моделски имиња на сцената.
Секако дека станува збор за подгревање на сцената и вешта најава за новата генерација на Корса, којашто е сосем сигурно дека нема да вози со 800 КС и да лета со 320 километри на час, меѓутоа вреди да се почувствува таа енегија што Риселсјахм ја вложи во својот нов модел.
Корса ГСЕ Вижн Гран Туризмо имаше забележана појава на салонот ИАА во Минхен во септември. Сега е на ред следното поглавје, а за тоа поглавје Опел вели дека е спој меѓу вистинскиот свет и виртуелната реалност на дигиталниот свет.
Тимот на шармантната директорка за маркетинг на Опел, Ребека Рајнерман, подготви шест видеа за сцената да погледне во секој дел од создавањето на „ГСЕ Вижн“ и сé што го придружува овој концептен автомобил.
Во првите три видеа се прикажани сцени од создавањето на возилото, а следните три видеа го прикажуваат првото појавување на возилото на ИАА Мобилност 2025 во Минхен, како и на светското првенство во виртуелниот Гран Туризмо во Берлин.
















