Предлогот доаѓа од Љубомир Вазни, пратеник и поранешен министер за сообраќај од левичарската партија Смер-ССД. Тој цени дека со законот ќе се подобри безбедноста и ќе се спречат незгоди меѓу пешаци и лица со тротинети или ролери.
Словачка се соочува со растечки број на незгоди на тротоарите. Престигнувањето и брзината на пешачките патеки станува сé поголем проблем, посебно во густо населените градови, као Братислава.
Ограничувањето не важи само за пешаци
Новиот закон не се однесува само за пешаци, туку и за ролеристи и тротинетисти при движење по пешачка патека.
Засега уште не е разјаснето, како би се мерела брзината и како ќе се казнува. Процените се дека мерењето на брзината по пешачки патеки е сложена постапка.
Дискусиите за ова брзинско ограничување наидоа на бурно негодување. Сепак постојат причини за воведување такво ограничување. Бројни градови секојдневно се соочуваат со удирање на пешаци со ролеристи или тротинетисти. Тоа може да предизвика опасни ситуации, но и улични кавги. Од тие причини, ограничувањето на брзината навистина е можност да се спречат незгодите и да се подобри безбедноста.
Slovenští poslanci schválili novelu, která stanovuje rychlost chůze na maximálně 6 km/h. https://t.co/HdYFlDltec
— Filip Rožánek (@rozanek) October 28, 2025
Други земји, на пример Германија, го имаат решено овој проблем со тоа што пешаците се движат по посебна патека, велосипедистите и тротинетистите по посебна. Други држави, пак, на пример Македонија, не признаваат ниту пешаци, ниту велосипедисти или тротинетисти. Сé е седнато во автомобил и проблемите се преселени таму.
















