Британскиот моден дизајнер Пол Смит отпакува уште едно посебно МИНИ

МИНИ создаде уште едно поглавје со британскиот моден дизајнер Пол Смит, преку посебната серија од МИНИ Купер што го носи неговото име.

МИНИ досега има остварено бројни соработки со Пол Смит, британска дизајнерска икона од светот на модата. Новата серија се води под името МИНИ Пол Смит Едишн и првпат се појавува пред светот на салонот во Токио, на пазарот што на изненадување на многумина, а сосем очекувано за познавачите, го обожува МИНИ.

Сер Пол Смит и неговата истоимена модна марка се звучни имиња на светската сцена, што богатата традиција ги спојува со марката МИНИ. Дизајнерот што е прочуен по својата „Класик вит а твист“, досега има изработено две специјални серии за британската автомобилска марка, МИНИ Стрип во 2021 година и МИНИ Ричарџд во 2022 година.

Новата серија Пол Смит е достапна за МИНИ Купер со 3 и со 5 врати, како и за кабриолетот, во сите погонски изведби, со исклучок на Џон Купер Воркс. Британците првпат ја прикажаа новата серија пред светот на Јапан Мобилити Шоу во Токио.

Препознатливоста на моделите Пол Смит е во боите и во деталите

Моделите од серијата Пол Смит се препознаваат по каросериските бои што се ексклузивни за неа, по отмените дизајнерски елементи и изнанадувањата што се кријат во деталите.

„МИНИ и Пол Смит прикажуваат позитивен став кон животот и го применуваат мотото на оваа серија што гласи: ‘Секој ден е нов почеток’ ”, вели Холгер Хампф, главен дизајнер на МИНИ.

МИНИ Пол Смит Едишн е достапна во три бои, две ексклузивни: Стејтмент Греј е класично толкување на историската боја на МИНИ Остин Севен од 1959, додека Инспајерд Уајт е омаж во чест на омилената беж боја на класичните МИНИ. Третата боја е металик црна од редовната понуда на марката.

Пол Смит креираше боја Нотингем Грин, што се применува во страничните ретровизори, во рамката на маската, на тркалата со потпис на дизајнерот и како една од двете бои на избор за покривот, независно од каросериската боја.

„Сигначр Страјп“ е препознатливиот стил на дизајнерот и присутен е кај серијата, кога покривот на МИНИ е во Нотхнгем Грин боја, како детал од левата страна на покривот.

Тркала од лесен метал од 18 инчи и дизајн Најт Флеш се стандард во серијата, логото напред и назад е изработено во црно-сина нијанса, а потписот на Пол Смит ќе се воочи и во црната лајсна на вратата на багажникот.

Британска воздржаност и елеганција во внатрешноста

Површините на арматурната табла и на вратите што се обложени со материјал што изгледа како платно, изведени се во црна боја, но попречно се изведени риги што е во стилот на Пол Смит. Истото важи и за спортските седишта, а лентата што имитира трет крак на воланот ги носи шарените риги на дизајнерот.

Кога ќе се избере Персонал Мод, огромниот тркалезен дисплеј во кокпитот свети во три дизајни што се создадени од Британецот. Драмата почнува уште со отворањето на вратите, кога на земја се прикажува светлосно лого Хелло, а на праговите се забележува мотото на Смит, „Секој ден е нов почеток.“ Завршниот печат е зајакот нацртан од дизајнерската икона, што се забележува во патосниците.

Соработката почна во 1998 година, со посебна серија на Класичното МИНИ, главно препознатливо по посебната сина боја. За 40-та годишнина на моделот, Смит создаде уникат во шарените риги на својата марка, дури 86 риги во 26 бои.

МИНИ Купер Ц неодамна беше на тест во Аутомедиа и секако дека остави посебни впечатоци

Претходна објаваНајпродавани 10 модели во најпродаваниот сегмент, од ФВ Тигуан до Шкода Елрок
Следна објаваОпел ја подготвува сцената за нова Корса: Шест видеа за настанокот на ГСЕ со 800 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here