Омилениот Jaguar на Јан Калум влегува во серија

Шефот за дизајн во Jaguar нарача една каросериска фирма да му изработи уникат од историскиот Mark 2 по личен вкус. Но, нема да остане на уникат. Сега сите сакаат Jaguar Mark 2 како на Калум.

Откако целиот автомобилски свет реагираше со одушевување на верзијата од моделот на Jaguar од 1960-те години што е изработена по нарачка на актуелниот шеф на дизајнот во британската куќа, каросериската работилница Classic Motor Cars Ltd. објави дека ќе изработи ограничена серија од примероци од овој автомобил што првично требаше да биде уникат. Питер Нојмарк, шефот на CMC, изјави: „Автомобилот се појави во јавност пред само една недела и веќе предизвика интерес во целиот свет. Кога го претставивме автомобилот коментирав дека би сакал да изработиме повеќе примероци од него, но не очекував дека тој ќе предизвика толкав интерес. За само неколку часови добив повици од заинтересирани купувачи од цел свет. Го прашавме Јан Калум дали може да произведеме ограничена серија од неговиот модел, тој рече ‘да’“.

Автомобилите ќе чинат меѓу 350.000 и 375.000 фунти, со можност купувачите да изберат боја за каросеријата и за ентериерот. Повеќе за оригиналниот модел на Јан Калум можете да прочитате тука.

Видео од Jaguar Mark 2 во стил на Јан Калум

Претходна објаваDacia ќе прави верзии Stepway и од Lodgy и Dokker
Следна објаваSkoda со два легендарни модела на Youngtimer Classic 2014

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here