за

Огромен интерес за последните 78 возила на Saab

Стечајните управници на Saab ги ставија последните произведени возила од шведската марка на аукција. Интересот е огромен, вредноста на овие возила ќе расте.

За 78 возила што последни излегоа од производствените ленти на култната марка се водеше онлајн наддавање, а љубителите на Saab од цела Европа не ја пропуштија оваа можност да ги обезбедат дел од историјата на марката од Гетеборг. Дел од возилата не се во возна состојба, дел мора да се доработат, друг дел пак мора да помине постапка на хомологација.

Најголемиот дел од возилата отиде во Холандија, 23 возила од последната серија отидоа кај љубителите на Saab во оваа земја. Дваесет возила се во Германија, 14 останаа во Шведска. Купувачи се јавија и од Финска, Швајцарија, Австрија и од Полска. Највисока цена на наддавањето постигна Saab 9-5 Aero Sportcombi, со цена од 42.500 евра. Вкупната вредност на наддавањето достигна околу 1,5 милион евра.

Saab отиде во стечај во декември 2011 година. Во минатата година, традициската шведска марка се најде во сопственост на кинеско-јапонски тим од инвеститори. Тие најавија дека во 2014 година ќе се појават на пазарот со возило со погон на струја. Овие автомобили ќе го носат името на марката, но не и логото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Политиката ги расипа менувачите на Volkswagen

Volkswagen е најиновативен концерн на светот