за

Овој Bugatti ќе се произведе во само три примероци

На „Автомобилската недела“ во Монтереј, еден од најпрестижните салони во светот, француската марка ја стартуваше ексклузивната серија „Легендите на Bugatti“

На Пебл Бич овој викенд доживува премиера првата од шестте автомобилски легенди на Bugatti, која што ќе го носи името на Жан Пјер Вимил. Исто како и петте серии што следуваат, оваа ќе биде изработена во само три примероци. Со овој автомобил Bugatti му оддава чест на фабричкиот возач од почетоците на марката, кој што во 1937 година ја постигна првата победа на 24-часа Леман, за истиот успех да го повтори две години подоцна. Основата за ексклузивната серија е Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse, кој носи неколку обележја на победничкиот болид на Вимил од 1937 година, моделот Bugatti 57G.

bugatti vimil

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историја: 50 години на Volvo 1800 S

Ново име и нов концепт за BMW M3