Овој четиритонски Mercedes и буквално е замок на тркала

Mercedes има традиција во изработката на блиндирани лимузини уште од 1930-те години. Сокриена од главниот штанд, во Женева се најде една лимузина што воопшто и нема потреба да се крие.

Производителите на автомобили ги користат салоните да прикажат сé што имаат, пред публиката и пред конкурентите. Вниманието го привлекуваат моделите што имаат најмногу коњски сили, највпечатлив изглед или најубави хостеси покрај себе. Но, постојат и автомобили чиишто купувачи не сакаат да го привлечат вниманието по секоја цена. Овие купувачи се подготвени да дадат баснословни суми за да останат незабележани и да се чувствуваат безбедно.

mercedes-maybach s 600 guard (10)На вториот кат на штандот на Mercedes на штотуку завршениот салон во Женева се наоѓаше една таква лимузина. Блиндираниот Mercedes-Maybach S 600 Guard е автомобил за највисоки државници и светски фигури, за бизнисмени со капитал вреден колку државен буџет на помала земја и воопшто за секој што чувствува потреба од повисока заштита во својот автомобил. Во Москва, на пример, очигледно постојат многумина со таква потреба, затоа што само на територијата на руската престолнина стојат на располагање четириесетина сервисни работилници што се специјализирани за блиндираните лимузини на Mercedes. Никаде во светот нема поголема концентрација на овие подвижни тврдини.

Блиндираниот S 600 Guard е единствен цивилен автомобил што ја исполнува највисоката класа на балистичка заштита VR10. За претстава, класата VR4 обезбедува заштита од куршуми од Magnum 44 испукани од далечина од пет метри, додека класите VR6 и VR7 значат дека возилото е отпорно на проектили од Heckler & Koch G3, M16 и од AK-47. Наспроти тоа, највисоката класа VR10 издржува дури и челични зрна со ударна брзина од 860 метри во секунда. За таа цел, заштитната обвивка на S 600 Guard е изработена од тенковски челик, арамидно платно и керамика. Специјалните стакла се состојат од повеќе слоеви, вклучувајќи и поликарбонат.

mercedes-maybach s 600 guardСо ваква подготовка, само вратите тежат по 160 килограми и мора да поседуваат дополнителна шарка за држење на енормната тежина. Ветробранот е десетпати потежок од стандардниот. Кај обичната класа S, тој тежи дури 130 килограми. Специјалните стакла бараат многу внимание однатре. Ако се изгребе заштитната фолија од внатрешната страна или се избрише со некое хемиско средство за чистење, возилото го губи сертификатот за заштита.

На возачот му стојат на располагање неколку дополнителни копчиња во стилот на Џејмс Бонд. Со овие копчиња не може да се испушта масло на патот, да се испалуваат ракети или да се расфлуваат клинци зад возилото, но затоа може да се активира специјалниот систем за гасење пожар или да се активира дотокот на кислород во кабината од боцата во возилото. Секако дека постојат уште многубројни системи за заштита што нарачателите на блиндираните лимузини сметаат дека им се неопходни, но остануваат во тајност.

Mercedes-Maybach S 600 GuardСо тежина од преку шест тони, S 600 Guard секако дека има и потреба од соодветен мотор. Тука работи дванаесетцилиндарецот со 530 КС, но за разлика од стандардната лимузина која е ограничена на 250 km/h, неговата моќ е доволна „само“ за 190 до 210 km/h, зависно од конечната тежина на блиндираното возило. Крајната брзина не е важна, поважно е возилото да се извлече од зоната на опасност. Вртежниот момент од 830 њутнметри е сосема доволен за четиритонската лимузина да „збрише“ за миг. Секако дека и гумите имаат посебна заштита – настрана од фактот што и тие мораат да ја издржат џиновската тежина на возилото.

Моторот веќе стандардно поседува конструкција којашто овозможува краткотрајно продолжување со возење дури и во случај на пробивање на блокот со проектил, така што дополнителната заштита на предниот кош се изведува само по барање на нарачателот. Багажникот исто така е стандарден и без заштита. Целата суштина е во кабината. Патниците и возачот се безбедни дури и ако се постави бомба под или на покривот на возилото.

Секако дека врвната безбедност има и своја цена. Стандардно, Mercedes-Maybach S 600 Guard чини 470.000 евра. Секое дополнително барање се наплаќа. Само сопствениот довод на кислород, на пример, чини десетина илјади евра.

Претходна објаваToyota ќе го произведува RAV4 во Русија
Следна објаваКупе-теренец на Mazda пристига на салонот во Пекинг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here