за

Овие модели задржуваат најмногу од вредноста

Кога се купува нов автомобил, тој почнува да ја губи вредноста уште на излез од салонот. Некои автомобили сепак губат помалку од другите. Во каталогот на Schwacke се открива кои се тие модели.

Постојат само неколку начини за брзо, а незабележано трошење на парите. Еден од нив е купувањето автомобил. Неколку километри по излегувањето од салонот на дилерот автомобилот веќе вреди помалку. Во зависност од класата на возилото, вредноста се намалува од неколку стотици до повеќе илјади евра.

Познатиот Schwacke редовно одредува колку точно изнесува амортизацијата. Според последните бројки, најмногу од вредноста губат моделите од вишата средна класа. Автомобилите од оваа класа што биле купени на ново пред три години, при претпоставени 60.000 километри, не вредат ниту половина од првичната вредност. Единствен исклучок е BMW 525d. Според Schwacke, овој модел по три години задржува 57 проценти од вредноста на ново.

Значително е помала амортизацијата кај малите возила и компактите. На првите места во овие класи на возила се наоѓаат Mini Cooper, со задржување на 66 проценти од вредноста, и Nissan Qashqai+2 2.0 Tekna, со 63,6 проценти. Кај помалите возила, аналитичарите земаат како ориентир 30.000 километри за три години, додека кај компактите 45.000 километри за истиот период.

Модел што најмалку губи од вредноста моментно е Porsche Cayenne Diesel Tiptronic S. Ако сопственикот го продаде луксузниот теренец стар три години ќе поврати 77,3 проценти од парите што ги платил при купувањето. На второто место кај големите теренци, со поголем заостаток следува VW Touareg 3.0 V6 TDI Blue Motion DPF Automatik со 67,6 проценти.

Schwacke ја одредува стабилноста на цените на возилата во шестте најпопуларни сегменти на возила. Највисока преостаната вредност во средната класа има VW Passat Variant 2.0 TDI 4Motion DSG Blue Motion Comfortline (62,1 проценти), а меѓу вановите VW Sharan 2.0 TDI Blue Motion Comfortline (62,4 проценти) – по 36 месеци и 45.000, односно 60.000 километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клубови обвинуваат за слаба заштита од враќање на километражата

Купе-лимузината од серијата 4 на BMW доаѓа идното лето