Nissan стартуваше со производство на новата генерација на кросоверот Qashqai во фабриката во британскиот Сандерленд.
По претставувањето на комплетно новата генерација на кросоверот во минатиот ноември, сега започнува и производството на моделот. По еден нов Qashqai се симнува од производствените ленти во Британија на секои 61 секунди. Qashqai е дизајниран, развиен и произведуван во Британија, сигурно го држи првото место во продажбата на кросовери во Европа и воедно е најпродаван модел на Nissan во неговата европска понуда.
Nissan вложи околу 650 милиони евра во развојот и производството на неговиот бестселер. Во производствениот ланец влегуваат уште 220 добавувачи од 22 држави. Моделот произведен во Британија се извезува во преку 130 држави. Во фабриката работат повеќе од 7.000 лица.
Производствената линија наменета за Qashqai работи во полна 24-часовна смена уште од 2010 година, со цел да се задоволи огромниот интерес на пазарот. На истата линија се произведува и електричниот автомобил Leaf. Кросоверот Qashqai е првиот сериски модел на Nissan на европскиот пазар, што ја користи новата платформа CMF (Common Module Family) на алијансата Renault-Nissan.