за

Нов Land Rover Freelander пристигнува во 2015 година

Третата генерација на компактниот теренец на Land Rover ги привршува тестирањата пред премиерата што се очекува в година. Гамата ќе опфаќа три каросериски изведби.

Актуелната генерација на Freelander е на пазарот веќе осма година и полека дојде време за наследникот да продолжи со успехот во жешката конкуренција во класата на компактните теренци. Новакот ќе ја користи техничката платформа од Range Rover Evoque, од кого што ќе преземе и неколку основни линии во изгледот.

Освен во стандардната изведба, новиот Freelander кој се води под интерната ознака L550, ќе се нуди и во верзија со меѓуоскино растојание продолжено за 15 сантиметри. Во оваа верзија ќе има простор за трет ред седишта и таа ќе биде особено интересна за купувачите на северноамериканскиот континент. Класичната верзија со покус и потесен опаш ќе конкурира на Mercedes GLK.

Како трета верзија во гамата на Freelander ќе се појави Landy, со повпечатлив изглед и должина од 4,30 метри, односно исто колку Evoque. Под хаубата ќе работат четирицилиндарски бензинци и дизели од новата фабрика за мотори во Волверхемптон, додека за топ моделите се резервирани моторите V6 со натполнење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Leon е автомобил на годината во Каталонија

Холивудски ѕвезди возат Mercedes со погон на водород – и пијат вода од него