Нови идеи за погонот на струја

Специјалистот Schaeffler го претстави развојното возило со погон на струја E-Wheel Drive vor. Возилото е базирано на Ford Fiesta и се движи со моќта на двата електромотора што се вградени во задните тркала. Целиот погонски агрегат, односно електромоторот, електрониката и контролерот, сопирачките и ладењето, е сместен во самиот бандаж.

Градба на мотор во бандаж: 1. Електроника 2. Статор 3. Ротор 4. Лежиште на тркало 5. Сопирачка
Градба на мотор во бандаж: 1. Електроника 2. Статор 3. Ротор 4. Лежиште на тркало 5. Сопирачка

Секој електромотор има моќност од 40 киловати, односно трајна моќност од 33 киловати, што вкупно дава 66 киловати, односно 90 КС. Импресивен е вртежниот момент од 700 њутнметри. Со вкупна тежина на погонот и тркалото од 53 килограми, решението на Schaeffler е за 45 килограми потешко од конвенционални тркала со сопирачки и со лежиштата. Волуменот на интегрираниот погон од 16 литри е доволно компактен да се смести во бандаж од 16 инчи.

Претходна објаваГумите при купување да не се постари од 3 години
Следна објаваЕден ќе утне и сите ќе трпат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here