за

Новите возила трошат 25 проценти повеќе од наведеното

Според последната студија, реалната потрошувачка на новите возила е за четвртина повисока од тоа што го наведуваат производителите. Расте недовербата на купувачите.

Тоа е резултатот до кој што дојде студијата на Меѓународниот совет за еколошки транспорт. Советот ги споредуваше официјалните податоци од производителите со податоци од независни извори во повеќе европски држави. Сите извори на податоци со кои што располага организацијата потврдија дека со години се зголемува јазот меѓу потрошувачката на гориво која што ја објавуваат производителите и фактичката потрошувачка која што ја утврдуваат корисниците.

Овие резултати ќе предизвикаат и натаму да се зголемува недовербата на купувачите, односно да се намалува нивната подготвеност за технологија која што заштедува гориво. За производителите исто така претставува проблем кога потрошувачката на гориво на нивните модели отстапува од другите.

Анализата се базира на податоците од реални услови на возење на половина милион патнички автомобили во Европа, кои потекнуваат од автомобилските клубови, фирмите за лизинг, организациите за заштита на правата на потрошувачите, како и од интернет страниците на кои што корисниците ги објавуваат искуствата со нивните возила.

И Комисијата на ЕУ се ангажираше околу лажната потрошувачка

Повеќе организации веќе излегоа со критика за премногу оптимистичките прикажувања на потрошувачката на гориво на производителите, меѓу нив и Европскиот автомобилски клуб. На тестирањата на клубот се потврди дека повеќе од половината од моделите имаат потрошувачка која што е за најмалку 10 проценти над фабричките податоци. За проблемот се заинтересира и Комисијата на ЕУ, која што предложи од 2016 година да стапат во сила новите норми за тестирање, со цел да се смалат разликите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Aventador Super Veloce тестира со 800 КС

Собир на олдтајмери на езерото Комо