за

Новитетите на BMW за моделската година 2014

Уживањето во возењето ќе стане уште поголемо напролет. BMW воведува нови мотори во понудата и претставува четири нови модели во верзија со погон на сите тркала.

Од март, купето од серијата 2 ќе понуди нова димензија на спортско возење во компакт сегментот. Непосредно по почетокот на продажбата ќе следуваат две дополнителни верзии со дизелски мотор. BMW 218d Coupe и BMW 225d Coupe возат со дволитарски дизел со 143, односно 218 КС. Послабиот модел забрзува до сто за 8,9 секунди и троши 4,5 литри на сто километри, додека вредностите кај посилниот модел соодветно изнесуваат 6,3 секунди и 4,7 литри.

Нови шестцилиндарци за бизнисменскиот Gran Turismo

201301-P90113769-zoom-orig

Бизнис верзијата на серијата 3, Gran Turismo, напролет ќе се збогати со два нови модела со шестцилиндарски мотор во комбинација со осумстепен автоматик. Новитетите се BMW 330d Gran Turismo, со трилитарски дизел со 258 КС, и 335d Gran Turismo со 313 КС. Првиот модел може да се добие и во верзија со погон на сите тркала xDrive, додека истиот е стандард кај посилната верзија на моделот. Кај сите модели од серијата 3 во новото годиште ќе постои опција за избор на „иновациски пакет“, со ксенонски светла, проекциски дисплеј, автоматика за долго светло и темпомат.

Уште еден дизел за купето од серијата 4 и за прв пат погон xDrive кај кабриолетот

201306-P90125006-zoom-orig

Со четвртиот дизелскимотор за купето од серијата 4, бројот на мотори во гамата на моделот расте на седум. Новитетот е дволитарски дизел со 218 КС во 425d Coupe. Покрај тоа, со воведувањето на BMW 430d xDrive Coupé се зголемува и бројот на модели со погон на сите тркала, на вкупно шест. Моторот со 258 КС стандардно е во комбинација со 8-степен автоматик. Погонот на сите тркала отсега ќе се нуди и во кабриолетите, со премиера во BMW 428i xDrive Cabrio, со дволитарски турбо бензинец со 245 КС, во комбинација со автоматик.

Контрола на притисок за секое тркало посебно

201401-P90141905-zoom-orig

Возачите на BMW ќе добиваат точна информација кое тркало губи притисок. Сите моделски серии, со исклучок на купе теренцот X6, стандардно добиваат контрола на притисок одделно за секое тркало. Следува и нова генерација на радиото Professional, како и на системот за навигација Business. Двата система подоцна ќе се нудат и во сериите 1, 2 и 5. Нов е процесорот, со повисока моќ, со што се овозможуваат стриминг на музика преку блутут и дополнителни интернет сервиси во возилото. Меѓу другото, новата навигација ги исцртува картите десетпати побрзо.

Побогата опрема за BMW X5 и за топ верзиите на серијата 6

Од април сериската опрема на Х5 ќе се збогати со асистент за возење, кој се состои од систем за надгледување на возните ленти преку камери, како и од предупредување при пешак на патот или опасност од судир. Моделите BMW 650i Coupé, BMW 650i Cabrio и BMW 650i Gran Coupé од пролет ќе поседуваат спортски издув М во серискиот пакет. Со доплата ќе се нуди и озвучување Harman Kardon. Во комбинација со навигацискиот систем Professional ќе се добива поле на допир за внесување знаци директно со прст.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Австријците помалку ги возат автомобилите

Мал фејслифт за Volkswagen Polo