за

Новиот Passat самостојно паркира во рикверц – со приколка!

Возачиот треба само да работи со сопирачките и гасот, вртењето на воланот го презема електрониката

Системите за асистенција се усовршуваат постојано. Самостојното паркирање уште е далеку од стандард во возилата, а веќе следува самостојно паркирање со приколка.

Осмата генерација на Passat нуди изобилство од усовршени и иновативни системи за асистенција што прават возењето да биде покомфорно и побезбедно. Сопствениците на приколка ќе се радуваат особено на една иновација што засега ја нуди единствено Volkswagen. Станува збор за систем за самостојно паркирање на возилото со приколка во рикверц, без разлика дали се работи за кампинг, товарна или платформска приколка.

Системот се вика Trailer-Assist и на возачот му овозможува возилото со приколка да се паркира самостојно во рикверц, буквално со притискање само на едно копче. По активирањето на системот, во таблата со инструменти се прикажува приказ од просторот зад возилото. Возачот треба само да ја избере позицијата за паркирање и натаму системот го презема потребното управување со воланот. За избирање на позицијата за паркирање се користи прекинувачот за местење на ретровизорите, којшто во тој случај работи како еден вид џојстик. Во целата оваа постапка, возачот единствено управува со гасот и сопирачките, додека електрониката управува со вртењето на тркалата преку електромеханичкото сервоуправување. Ако возачот притисне пресилно врз гасот, системот запира. Ако возачот посегне по воланот, системот се исклучува. Системот Trailer Assist во германскиот ценовник на Volkswagen чини 620 евра, на што треба да се доплати уште 910 евра за кука за влечење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три милиони продадени возила на Dacia

Во есен и зима автомобилите се продаваат најскапо